Премиерот на Естонија Таави Роивас прогласи победа на парламентарните избори кои беа со извесна доза на страхување по руската анексија на украинскиот полуостров Крим во минатата година. Неговата партија Реформа доби над 27 насто, додека нејзиниот главен ривал опозициската партија Центар над 24 насто од гласовите. Оваа партија во 2004 година има потпишано договор за соработка со партијата Обединета Русија на претседателот Владимир Путин. И покрај тоа што Естонија е членка на НАТО и на Европската унија, многумина се загрижени дека Москва би можело да се обиде да го интензивира своето влијание во Естонија каде што скоро една четвртина од населението или милион и 300 илјади се Руси.