Јункер ја откажа средбата со Груевски

Портпаролот на Европската Комисија Мина Андреева на денешната прес конференција во Брисел информираше дека Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер ја откажал средбата со премиерот на Република Македонија Никола Груевски, која претходно беше најавена за во четврток.

Според Андреева, во моментов не е соодветно да има средба поради развојот на ситуацијата во Македонија.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Мина Андреева за откажувањето на средбата Јункер - Груевски

Портпаролката Андреева изјави дека на 17 овој месец во Скопје беше евро - комесарот Јоханес Хан и оти со властите во Скопје се разговара.