„Лајонс клуб“ од Куманово собра помош за поплавените

Половина од средствата ќе бидат наменети за поплавените граѓани. Ќе има сигурно најмалку околу 50 илјади денари и ќе бидат донирани на оние на кои им се најпотребни, вели Јовица Ангеловски од „Лајонс клуб“ од Куманово.

Хуманитарното здружение на граѓани за помош на слепи лица „Лајонс клуб“ од Куманово организираше хуманитарна акција наречена Чваркијада, а собраните средства ќе ги додели на оние на кои им се најпотребни за санирање на последиците од поплавата. Ова е само една од поголемите хуманитарни акции вели Јовица Ангеловски во името на организаторите.

Половина од средствата ќе бидат наменети за поплавените граѓани. Ќе има сигурно најмалку околу 50 илјади денари и ќе бидат донирани на оние на кои им се најпотребни.
Јовица Ангеловски, „Лајонс клуб“ од Куманово.

„Половина од средствата ќе бидат наменети за поплавените граѓани. Ќе има сигурно најмалку околу 50 илјади денари и ќе бидат донирани на оние на кои им се најпотребни.“

Јовица Ангеловски.

Лајонсите во овој период од годината имаат планирано уште неколку хуманитарни акции, меѓутоа оваа е една од поголемите. Средствата од останатите акции главно се донираат на слепите лица.

„Меѓутоа во овој момент оценивме дека ова е најалармантно и најпотребно, а во иднина акции и манифестации ќе бидат организирани за помош на слепите, бидејќи самите лајонси се создадени за помош на слепите“, вели Ангеловски.

Кумановскиот „Лајонс клуб“ има 28 членови и постои седум години, колку што и останатите 30-ина клубови во Македонија.

„За овие седум години имаме реализирано 40-ина поголеми и помали акции. Вообичаено настојуваме средствата да ги даваме во вид на некаков вид материјал. Ќе контактираме Црвен крст или Центарот за социјални работи, за да тие определат кому му се најпотребни и во кој вид, односно дали тоа ќе биде градежен материјал, средства за хигиена и слично.“

Лајонсите дел од својата членарина издвојуваат за помош, некои од акциите се само на еден клуб, а во поголемите акции како што беше оваа, вклучени се сите клубови, вели Драган Петковски.

Во реализирање на оваа хуманитарна акција беа вклучени и млади кумановци.

„Луѓето од мојата околина прилично беа заинтересирани за акцијата и поголем дел од нив се вклучија во оваа акција. Мислам дека помладите генерации се повеќе се заинтересирани за создавање подобра иднина и да им се помогне на оние кои за тоа имаат потреба“, вели Бисера Петковска.