Студентска автономна област низ цел УКИМ

Студентскиот пленум, по една недела од стартот на таканаречената окупацијата на факултетите,соопшти дека автономната зона е проширена низ целиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Студентите решиле од денеска да спроведат окупација и на Архитектонскиот факултет. Вчера бојкот на настава имаше на неколку факултети во Скопје. Во прогласените автономни области на Филолошкиот и на Машинскиот факултет, студентите ја минаа седмата ноќ, Покрај факултетите во Скопје, вчераСтудентскиот пленум при универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола прогласи Автономна зона на Техничкиот факултет. Студентите велат дека окупацијата останува се додека не добијат гаранција дека новиот Закон за високото образование што ќе биде изготвен заедно со нив ќе биде и имплементиран.