Заедничка седница на владите на Македонија и на Србија

Владите на Македонија и на Србија предводени од премиерите Никола Груевски и Александар Вучиќ денеска во Скопје ќе одржат заедничка седница. Веднаш потоа е предвидено потпишување договори меѓу двете влади. Српскиот премиер Вучиќ, меѓу другото, ќе биде примен од претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов.