Студентите благодарни на донациите од граѓаните

Студентите кои го „окупираа“ Филозофскиот факултет во Скопје и прогласија „автономна зона“ им се заблагодарија на граѓаните за досегашните донации и објавија листа на нивните потреби за во иднина, за, како што велат, да ја издржат оваа битка до крај.

„Би ве замолиле доколку можете и колку можете да ни помогнете да ја издржиме оваа битка до крај, а за тоа би ни било потребно: зеленчук, млечни производи, зејтин, маргарин, леб, кафе, вода, пластични чаши, тоалетна хартија“, објави Студентскиот пленум на нивната Фејсбук страница.