Повлекување на законот со кој се воведува плаќање на придонеси и за хонорарите, бараат организаторите на протестот од власта. Тие бараат и Инспекторатот за труд да врши засилени контроли и на тој начин да се отстранат случаите на прикриен работен однос, односно на работење без договор или врз основа на договор за дело. Како и тоа да нема горна граница на приходи над кои не се плаќаат придонеси, односно тие со највисоките приходи да не бидат ослободени.
Организаторите на протестот велат дека протестирараат против лошите закони кои ги носи оваа влада! Против манипулациите, против игнорирањето, против лагите и лажните ветувања!
Протестот на незадоволните хонорарци започна во паркот Жена Борец спроти Собранието на македонија, потоа продолжи пред Министерството за труд, па пред Влада, а предвидено е да да заврши на слободната студентска зона во УКИМ, каде ќе им се даде поддршка на студентите.
Организаторите на протестот велат дека протестирараат против лошите закони кои ги носи оваа влада! Против манипулациите, против игнорирањето, против лагите и лажните ветувања!
На протестот можат да се забележат новинари, актери, сликари, музичари, луѓе од невладиниот сектор, граѓански активисти, но и луѓе кои дошле само да им дадат поддршка на оние кои протестираат. Тие извикуваат дека сакаат социјална правда, а во рацете носат транспаренти на кои пишува: „Не се работи за проценти, за судбини се работи“, „Лоши одлуки носат ЛОШИ луѓе“, „Лебот ни го земавте“, „ДИМЕ мајка ти, те знае ли? “, „Не сте свесни и ние сме бесни! Поздрав Пленумци“, „Си играте со човечки судбини“, „Измените се анестезија, придонесите – ампутација“, „Измените на наш грб, а во ваша корист“....
Порачуваат дека законот е неприменлив, лош, дискриминаторски.
Ова е втор протест на незадоволните хонорарци. Тие протестираа и на 22 декември, непосредно пред законот да стапи на сила. А минатиот петок до Министерството за труд доставија стотици прашања кои се наметнаа со стапувањето на сила на законот. Потоа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ излегоа со предлог за измени на законот кој е на сила само еден месец.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Измените предвидуваат олеснувања за луѓето кои се вработени и плус земаат пари од хонорари, како и намалување на сумата на кој треба да се плаќаат придонеси. Но оние што протестираа против законот, веднаш ги отфрлија измените. Во меѓувреме Собранието донесе закон со кој се трансформира работниот однос на они кои досега били волонтери или пак работеле со авторски или договор на дело во државните институции, со што тие ќе станат редовно вработени.