Пензионер почина во полициска станица во Русија

81 годишна жена почина од срцев удар во полициска станица во Русија, наводно откако била уапсена под сомнение дека украла путер. Старата жена умрела откако се пожалила дека не се чувствува добро во полициската станица во близината на Санкт Петерсбург. 200 грама путер во Русија чини од 50 до 80 рубљи, односно околу 1 долар. Обвинителството соопшти дека се испитуваат деталите за кражбата, додавајќи дека жената не носела никаква идентификација. Руските пензионери кои добиваат основна државна пензија тешко постигнуваат да ги купат основните производи.