Повеќе делови на Македонија денеска се соочуваат со проблеми од полавите предизвикани од големите врнежи и топењето на снегот во изминатото деноноќие. Особено е погоден источниот дел на земјата, а медиумите информиараат и за жртва, односно дека момче се удавило во Кумановска река.
Состојбата е најсериозна во Кочани и Штип, особено во општината Чешиново – Облешево, каде реката Брегалница поплави повеќе домови и земјоделските површини.
Поплави има на течението на реката Црна во пелагониските општини Могила и Новаци, каде исто така се поплавени земјоделски површини.
Во моментов се ипушта водата од браната Турија во Струмичко, а населението заедно со армијата и полицијата превентивно се организираат за заштита од нови можни поплави.
Ноќеска водите на Кочанска и на Оризарска Река се излеле на оризовите површини, а во општина Виница реката Осојница урналела електричен столб. Во изминативе часови драстично е зголемено нивото и на Вардар и се очекуваат помали поплави пред се на земјоделски површини во демиркапискиот регион.
Во монетов голем дел од патната инфраструктура во земјава е парализирана. Сообраќајот на некои места е затворен, а некаде се одвива отежнато.
Автомотосојузот на Македониа информира дека патот Кочани – Делчево е затворен поради големи одрони од карпи. На патот Виница – Берово на две места сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Во прекин се и патните правци кон селата Степанци и Суво Грло поради надојдените води од реката Крива Лакавица.
Поради одрони патниот правец од Истибања кон браната Градче е затворен, а сообраќајот е пренасочен од Виница кон Берово
На патниот правец Демир Капија - Корешница е воведена забрана за движење за патнички возила поради излевање на реката Вардар, соопштуваат од Автомото сојузот на Македонија, од каде препорачуваат внимателно возење.
Во текот на ноќта најмногу дожд и снег имало во Претор, Битола, Тетово, Пожаране, Прилеп и Охрид, Маврово, Крушево, јавува УМХР. Во текот на почледните 24 часа се прелеани акумулациите Калиманци, Градче, а нивото на Кочанска Река низ градот е двојно зголемено.