Британската амбасада во Република Македонија во врска со случајот „Пуч“ информираше дека Обединетото Кралство ги примило со загриженост информациите за покренувањето обвиненија против Зоран Заев, лидер на опозицијата, и против три други лица. Во соопштението е наведено дека обвиненијате се многу сериозни и дека Обединетото Кралство одблиску го следи развојот на настаните. Од основна важност е како и во секој судски случај, сите институции во Македонија да ги почитуваат принципите на владеење на правото, вклучително и презумпцијата на невиност, и да ги исполнат највисоките меѓународни стандарди во процесот“. Обединетото Кралство, исто така, изразува загриженост за влошувањето на политичкиот дијалог во земјата и ги повикува политичките партии да направат се што можат за да се подобри состојбата, стои во соопштението.