Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до надлежниот судија на претходна постапка поднесе предлог за определување мерки „притвор“ за тројца осомничени од полициската акција „Пуч“, и тоа за осомничените З.В., С.В. и Б.П. Со оглед на сите околности на кривично правниот настан и фактот што кривичното дело останало во обид, се посочува во соопштението, за осомничениот З.З. не е поднесен предлог за определување на мерката „притвор“, туку предлог за определување мерка на претпазливост и тоа обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице односно кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.