„Откриена“ една од ќерките на Путин

Една од двете ќерки на рускиот претседател Владимир Путин кои тој со години ги држи надвор од очите на јавноста била клучна фигура во еден развоен проект на Државниот универзитет во Москва во вредност од милијарда и 700 милиони долари. Животите на 29 годишната Марија и 28 годишната Катарина се своевидна државна тајна во Русија. Но, новинарот и блогер Олег Кашин објави дека 29 годишната Катерина Тихонова која раководи со проектот на Универзитетот всушност му била ќерка на Путин. Агенцијата Ројтерс пак цитира извори од Универзитетот кои потврдуваат дека станува збор за една од ќерките на Путин.