Мартин Ромер од Европската конфедерација на синдикати за образование изјави дека немањето социјален дијалог е причината поради која одлучиле дека е важно да дојдат во Македонија и оцени дека екстерното тестирање е несреќен нов изум, а заменски наставници не постојат никаде во Европа. Ромер, кој беше во дводневна посета на покана на СОНК, во врска со штрајкот на просветните работници, порача дека е важно да се воспостави дијалог и нагласи дека образованието не е борбено поле, туку поле на соработка, каде треба сите да работат за негово унапредување.
Нема таква ситуација во Европа, ако штрајкувате, тогаш штрајкувате, и владата мора да го почитува тоа. Правото на штрајк може да се изразува на најразлични начини, меѓутоа носење на штрајкбрехери или заменски лица, такви примери не се познати и пред сè не се соодветни за легитимно право на штрајк како такво.Мартин Ромер, Европска конфедерација на синдикати за образование.
„Во моментов немаме комуникација со владата, но исто така би потенцирал дека во моментов имаме значителна пропагандна војна што се води, наводно дека ова СОНК го прави затоа што следат избори, па да си овозможат подобра стартна позиција. Јас би ги повикал сите да се запре со таквата пропаганда, ситуацијата е доволно сериозна сама по себе и навистина е од суштинска важност повторно сите да седнеме на маса.“
Ова претставникот на Европската конфедерација им го кажал на министрите за образование и за социјала, Абдулаќим Адеми и Диме Спасов, и нагласи дека е неопходно во наредниот период да им се даде време и на владата и на СОНК да дојдат до заедничко решение. Ромер ја потенцираше особено одговорноста на институциите за создавање атмосфера во која штрајкот ќе се одржува како демократско право, нагласувајќи дека праксата на ангажирање заменски наставници не постои никаде во Европа.
Штрајк има, има во цела Македонија, некаде со исклучително голем интензитет, некаде со послаб.Јаким Неделков, претседател на СОНК.
„Нема таква ситуација во Европа, ако штрајкувате, тогаш штрајкувате, и владата мора да го почитува тоа. Правото на штрајк може да се изразува на најразлични начини, меѓутоа носење на штрајкбрехери или заменски лица, такви примери не се познати и пред сè не се соодветни за легитимно право на штрајк како такво“, рече Ромер.
Тој изрази загриженост и поради екстерното тестирање и предупреди дека системот кој се гради врз основа на контрола и казни нема да создаде квалитет и лојални работници и дека ваквиот систем не е објективен. Екстерното тестирање, Ромер го нарече несреќен нов изум.
Една од темите на разговорите со министрите биле и платите на наставниците. Иако Министерството за образование се обиде во меѓувреме да ја убеди јавноста дека платите се веќе зголемени, во Синдикатот велат дека таа приказна е многу поголема во јавноста, отколку што реално заслужува.
Инаку, штрајкот на СОНК влегува во втората недела.
„Штрајк има, има во цела Македонија, некаде со исклучително голем интензитет, некаде со послаб“, рече претседателот на СОНК Јаким Неделков.
За соопштението на Државниот испитен центар, во кое штрајкот на просветарите беше наречен „наводен“, Неделков рече дека ако така го нарекле, тогаш не излегле од нивните канцеларии.
Во меѓувреме веќе има шпекулации дека во некои училишта заменските наставници не добиваат надомест и дека не доаѓаат на работа.