Надминувањето на проблемот меѓу Македонската православна црква-ОА и Српската црква ќе биде тешко без интервенција и посредништво на Руската православна црква или на некоја друга православна црква, вели владиката Петар, по последните случувања во врска со судската одлука за ослободување од затвор на расчинетиот владика Јован Вранишковски, кое се најавува дека ќе се случи на 19 јануари годинава.
Решавањето на статусот на Македонската православна црква може да се реши со посредништво на некоја друга црква, во конкретниов случај како што нагласивте Руската православна црква.господин Петар, митрополит преспанско-пелагониски на МПЦ.
Според преспанско-пелагонискиот митрополит, во случајот e добро што ќе се отстрани причината поради која српските владици постојано го одбиваат дијалогот, обвинувајќи ја нашата црква неосновано дека е извршен политички линч и дека Вранишковски во затвор лежи невин.
„Решавањето на статусот на Македонската православна црква може да се реши со посредништво на некоја друга црква, во конкретниов случај како што нагласивте Руската православна црква, зашто од досегашното искуство што го имаме се гледа дека Српската православна црква не покажа ни доволно интерес, ниту, пак, соодветна љубов за надминување на овој спор, да дозволи да се реши нејзиниот статус како што се статусите на другите цркви во опкружувањето во соседството“, вели владиката Петар во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела.
Со оваа гарнитура којашто е во моментов на чело на Српската православна црква многу е тешко да се очекува решение во овој мандат.Даниел Димевски, експерт по црковна дипломатија.
Експертите велат дека позитивно е што ќе отпочнат преговори, но дека не треба да се очекува премногу, бидејќи Руската црква има идентичен проблем со Украинската црква токму таков како што е нашиот со СПЦ.
Битно е дека проблемот го имаме со СПЦ и таму треба да ја концентрираме енергијата не заборавајќи дека во позадина на проблемот е и грчката црква која е патрон на нерешеното прашањето кое го има со неименувањето на нашата православна црква.
„Со оваа гарнитура којашто е во моментов на чело на Српската православна црква многу е тешко да се очекува решение во овој мандат, верувам дека ќе треба да се сочекаат некои подобри времиња да се стигне до целта, а тоа е – статус на автокефална Македонска православна црква и да не потклекнеме на тој пат“, вели Даниел Димевски.
Суштината на спорот е одбивањето на СПЦ, МПЦ да биде призната како автокефална црква. Нашите владици постојано изјавуваат дека нема да прифатат ништо освен автокефалност.
Сличен проблем имаат и украинската, белоруската и молдавската црква, кои во рамки на руската црква имаат разни статуси, но никако да станат автономни или автокефални цркви. Затоа не очекувам да дојдеме до решение какво што ние очекуваме, вели византологот професор доктор Илија Велев.
„Не очекувам ништо повеќе од посредството на Руската православна црква од тоа да инсистира да ја постави во позиција Македонската православна црква на статусот што го имаат сличните цркви на словенските народи кои до скоро беа во некоја државна заедница во Советскиот Сојуз, но црковниот статус го решаваат низ формата на автономност или на самостојност, а тоа не е исто со автокефалност“, вели професор Илија Велев.
Инаку, според најавите, по ослободувањето на Јован Вранишковски од затвор, Синодот на МПЦ најверојатно ќе свика седница на која ќе се реши за отпочнување на преговори со СПЦ, под посредништво на Руската црква.