Креирај нови, за да се заборават претходните проблеми

Претседателот Ѓорѓе Иванов на средба со Професорскиот и Студентски пленум.

Влада честопати го врти внимание на луѓето кон одредена тема, која најчесто не е во нивна корист, за да може да си го оствари тоа што го наумила.

Тоа што веќе неколку недели, фокус во јавноста се реформите во образованието и најновите измени во законот за високо образование, е еден од начините за дефокусирање на вниманието на граѓаните од останатите проблеми, анализираат дел од експертите.

Многу често за дистракција се користат прашања кои се од етнички карактер, за да одвлечат внимание од прашања кои егзистенцијално ги мачат луѓето, тоа е вообичаениот механизма на владата, но е можно да се претпостави дека и во случајот со измените во образованието се работи за дистракција.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Професор Здравко Савески вели дека актуелната Влада честопати го користи методот на дистракција кај граѓаните, односно го врти нивното внимание кон одредена тема која најчесто не е во нивна корист, за да може да си го оствари тоа што го наумила.

„Многу често за дистракција се користат прашања кои се од етнички карактер, за да одвлечат внимание од прашања кои егзистенцијално ги мачат луѓето, тоа е вообичаениот механизма на владата, но е можно да се претпостави дека и во случајот со измените во образованието се работи за дистракција.“

И професор Алајдин Демири е уверен дека темите што во последно време се актуелни се начин на владејачката коалиција да го одбегнат соочувањето со економските проблеми во државата.

Тоа е веќе познат рецепт, тој функционира одамна, прво се поткупуваат, потоа се прави притисок, трето луѓето ќе се уморат и потоа се заборава тој проблем.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

„Оваа влада, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, се веќе специјализирани за креирање на проблеми, а не на решавање на проблеми. Огромните проблеми кои чукаат на вратата на Македонија се економските проблеми. Никој никогаш не плашал какви се состојбите во економијата, во инвестициите, затоа што тоа не смее да се отвори.“

Од друга страна пак, Савески предупредува дека секое одолговлекување на решавањето на проблемот и предолгото држење во фокус во јавноста, носат опасност од намалување на интересот кај граѓаните за тој проблем, односно рамнодушност која секогаш како што вели, завршува во корист на Влада која ја користи пропагандата како силна алатка во своето владеење.

„Притоа е можно во тој период, една влада да тврди дека ги почитува процедурите и затоа е одолговлекувањето, а во меѓувреме фактички работи на тоа да не актуелизира одредено прашање.“

И Демири се согласува дека предолгото форсирање на одредено прашање во јавноста,може да го деактуелизира проблемот. Искуството покажува дека ова е веќе проверена практика во земјата, дециден е Демири.

„Тоа е веќе познат рецепт, тој функционира одамна, прво се поткупуваат, потоа се прави притисок, трето луѓето ќе се уморат и потоа се заборава тој проблем.“

Сепак во случајот со образованието, Савевски смета дека прашањето стана крупно поради несогласувањата од страна на засегнатите. Ако не беа студентските протести, прашањето немаше да биде толку големо, особено ако не беше толку голема енергијата кај граѓаните дека имаат моќ да сменат нешто, вели Савевски. И Демири е убеден дека кај образованието, нема да се случи таква деактуелизација и оти иако интензитетот е намален, приказната нема да заврши.