Среќни луѓе, само во успешна и среќна држава

Куманово, поглед.

Запрашани за очекувањата од Новата година, кумановци, првин си посакуваат добро здравје, а потоа просперитетна држава во која би биле и посреќни.

Во Новата година кумановци посакуваат подобри услови за живот на граѓаните во градот и во државава, повеќе капитални објекти, надминување на недоразбирањата помеѓу централната и локалната власт, отворање нови работни места за младите, при тоа сметајќи дека нивната лична среќа и задоволство тесно се врзани со претходните предуслови.

Овој народ да биде посреќен, да има повеќе вработувања, нормално здравје на прво место.
Анкетиран граѓанин.

Запрашани за очекувањата некои од граѓаните првин си посакуваат добро здравје за себе, за најблиските, но и за останатите околу нив и секаде во светот.

„Овој народ да биде посреќен, да има повеќе вработувања, нормално здравје на прво место.“

Куманово.

„Прво здравје, да се подобри состојбата во државава, првенствено финансиската, да има вработувања за младите, подобра состојба во образованието. На работното поле, повеќе пари.“

„На централно ниво разрешување на политичката криза, повеќе толеранција и сорботка помеѓу сите политички субјекти во државава. На општинско ниво, деблокирање на сметките, повеќе инвестиции во инфраструктурата, решавање на комунални проблеми на граѓаните и секако, доколку Општината биде во можност, повеќе културни манифестации. Лично, да си ја довршам магистратурата.“

„Очекувам да има промени. Македонија да тргне по европски пат, а лично здравје, среќа, бериќет.“

„Очекувам прогрес на Општина Куманово, Куманово да заживее како град, на полето на културата, да имаме подобрување на инфраструктурата. Централната власт да обрне малку поголемо внимание на Куманово, да има напредок во инвестиции и завршување на започнатите капитални проекти. Лично, еден континуитет во работата, а се надевам дека Владата во 2015-та година ќе ја остави идејата за државен испит, бидејќи сум родител на двајца студенти. Во таа смисла очекувам дека Владата ќе направи се што е во нејзина моќ моите деца да добијат подобри услови за студирање. Мојата желба е подобри услови за моите деца и за сите деца“, велат запрашаните граѓани кои сметаат дека животот во најголемата локална самоуправа во државава ќе биде подобар од оној во изминатата година.