Француската полицијата вели дека една полицајка почина откако беше застрелана во предградието на Париз ден ден по нападот врз сатиричен магазин Шарли Хебдо во кој загинаа 12 лица.
Полицијата претходно соопшти дека полицајка и градскиот чистач се сериозно ранети денеска во близина на Порт де Шатилон. Полициски извор за АФП изјави дека еден човек облечен со заштитен елек отворил оган со автоматска пушка.
Министерот за внатрешни работи, Бернар Казенве, изјави за дека напаѓачот бил се уште во бегство. Засега не јасно дали има поврзаност со вчерашниот напад во сатиричен магазин Шарли Хебдо.