Помалку афери, повеќе убавини во Новата Година

Новогодишна атмосфера во Скопје

Дел од работите кои изминатава година се продаваа за сериозни беа дури и смешни и апсурдни.

Зад нас е уште една „историска година“. Пресудната 2014-та. Годината во која влеговме со лажна надеж дека ете тука некаде, вака или онака, со наведната глава или марширајќи, кај и да е ќе ни раздени, а од која се простивме со тажното сознание дека наново сме ја оплескале.

Настана една ситуација која би ја окарактеризирал како малку неетична.
Никола Тодоров, министер за здравство.

Дека веднењето на 'рбетот ни станал национален спорт број 1 и дека во времево кое што доаѓа или ќе го фатиме патот за недојдија како мнозината што веќе го сторија или ќе возиме слалом во шумата казни и глоби, сметки и пресметки и што уште не ова наше заедничко буниште од спомени и споменици, испустени и Потемкинови села.

И, во еден ваков првојануарски момент на ора и валцери, подгреана сарма, руска салата, скиселено вино и кифлички, некако како по традиција се решивме онака, по нашки, да ве потсетиме на некои смешни и помалку смешни работи, на сите или барем на некои од апсурдите на нашата сурова реалност кои ни го цицаа вниманието и кои вообичаено наместо насмевка ни носеа горчина во грлото.

Вевчани под маски

Годината ја започнавме со афери. СДСМ распали по Министерството за здравство. Дознавме и за становите на синовите г-ѓа Бонева, за киријата на Шеќеринска, за сенешто.

Како деца знаете како го наоѓавме златото во Анска Река. Ќе се отвораат рудници во Македонија, ќе се отвораат во Валандово.
Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија.

„Силвана Бонева призна дека не го пријавила во Антикорупциска комисија станот од 109 метри квадратни во центарот на Скопје на нејзиниот син Орце Бонев“, рече Шилегов.

„Моите деца не се должни да излезат во јавноста и да кажат еве мојот дедо на штедната книшка има толку пари што ги заработил за цел живот и да кажат дека они се потписници на таа книшка“, одговори Бонева.

„Радмила Шеќеринска вчера ни кажа дека таа и нејзиниот сопруг добиваат 5.317 евра месечно за кирија од фирмата во која работи нејзиниот сопруг за стан кој е во нивна сопственост и во кој самите живеат“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали од Лугано Груевски и Мијалков влегле и во градежниот бизнис и преку Бетон Штип? Дали во Лугано се испланирани и Скопје 2014 и профитите во вртоглави суми евра?“, рече Шилегов од СДСМ.

„Не се согласувам со нив и искрено сум разочаран, затоа што од еден многу добар проект, од еден тендер којшто резултираше со склучување на договор којшто требаше да донесе дигитални апарати настана една ситуација која би ја окарактеризирал како малку неетична“, рече министерот за здравство Никола Тодоров.

Водици во Скопје, Охрид, Дојран и Струга

И, богами ова траеше, траеше, сè додека официјално не започна изборната кампања. Се ветуваше мед и млеко, а богами и злато. Златна треска ја зафати Анска Река.

Ама во демократија и на Господ треба да му се помогне, Господ сè сам не може, треба да се излезе на избори и да се гласа.
Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија.

„Како деца знаете како го наоѓавме златото во Анска Река. Ќе се отвораат рудници во Македонија, ќе се отвораат во Валандово“, рече претседателот Иванов во предизборната кампања.

Во име на „демократијата“ на помош беше викнат и дедо Господ.

„Ама во демократија и на Господ треба да му се помогне, Господ сè сам не може, треба да се излезе на избори и да се гласа“, рече Иванов.

Претседателски и парламентарни избори 2014

И, предизборната приказна доби епилог.

Заев објави дека нема да си дал оставка во недела вечер, ќе останел претседател на СДСМ. Петка, браво, што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, идеално, подобро не може да биде.
Никола Груевски, премиер.

„Заев објави дека нема да си дал оставка во недела вечер, ќе останел претседател на СДСМ. Петка, браво, што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, идеално, подобро не може да биде“, рече Груевски.

„Бараме итно формирање техничка влада што ќе овозможи спроведување нормални и фер претседателски и парламентарни избори во земјава. Власта спроведе изборен грабеж“, обвини Заев.

Со голема разлика победи партијата и сателитите чиј слоган беше ИМА РАЗЛИКА. Е, нема разлика.

Гласаа и кандидатите

И, во очекување на инвестицискиот бум – тажна вест ја покри Македонија. Во пријателска Индија го уапсиле братот Субрата.

Бараме итно формирање техничка влада што ќе овозможи спроведување нормални и фер претседателски и парламентарни избори во земјава. Власта спроведе изборен грабеж.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Проектот на Сахара груп за инвестирање во македонското земјоделство и посебно во млекопроизводството од денес станува реалност, тоа е најголемиот проект, најголемата инвестиција во македонското земјоделство“, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески откако заедно со Субрата ги заораа почетните бразди во Џумајлија.

Неколку месеци подоцна, Ставрески со поинаков став.

„Никој не може да превиди во одделна ситуација како ќе биде однесувањето или какви последици ќе има врз инвестицијата одреден настан. Ние во такви околности сме се заштитиле како држава со банкарската гаранција и тоа е почитување на законот подеднакво за сите инвеститори“, рече Ставрески.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Изборното мастило се мие

И, почна летото. Владејачкото мнозинство во ладовината на Парламентот го започна штанцањето закони, а опозиционерите дремеа и спремаа влада во сенка.

Проектот на Сахара груп за инвестирање во македонското земјоделство и посебно во млекопроизводството од денес станува реалност, тоа е најголемиот проект, најголемата инвестиција во македонското земјоделство.
Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

„Ќе ги казнувам директорите кои не го исполниле таргетот и ќе барам да бидат казнети докторите кои не го почитувале законот и времето на пациентите.“

Вака зборуваше Заратруста, пардон Министерот Тодоров.

А, докторите не се единствените на кои над глава им висат глобите. Тука се и возачите, газдите на фирмите, неплаќачите на К- 15, студентите, професорите, преведувачите, хонорарците... Функционерската душевна болка за клеветата „Македонска банка“ Зоран Заев го чинеше 50.000 евра.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Повторно немири во Ѓорче Петров

Се разбира, под контрола се и абортусот, кога и како да се роди дете, а за да се стимулира сексот за трето дете, владата за мрсен хонорар си нарача и песна.

Станува збор за скапи, сериозни машини коишто се практично врв на технологијата и теоретски е невозможно таква машина да биде сместена некаде во некој стан.
Иво Котевски, портпарол на МВР.

Ех, што ти е Македонија. Растурена сарма. Ред афери, ред музика, ред кампања за ова или она, наново стимулирана музика, па чист воздух и здрава храна и така до бескрај.

И уште не стивнала бучавата околу изборот, кога еве ти го Заев со најава за „бомба“.

„Првото ќе биде доволно да замине оваа власт. Второто ќе биде појако од првото, после неколку дена ќе се случи трета бомба, појака од втората, па за три-четири дена ќе се случи четврта, појака од третата и нема да застане додека злото не замине“, рече Заев.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Судири меѓу демонстрантите и полицијата за Монструм

А, потем ни се случи и „аферата со штанцањето пасоши“.

За да се полага државен испит мора да се повтори.
Абдулаќим Адеми, министер за образование.

„Да се штанцаат пасоши во приватни домови, ги видовте и сликите и снимките коишто се излезени, тоа само по себе кажува што се случува во Македонија за време на избори“, обвини Заев.

„Станува збор за скапи, сериозни машини коишто се практично врв на технологијата и теоретски е невозможно таква машина да биде сместена некаде во некој стан“, одговори портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

„Ние студираме, вие профитирате“

И, таман не убедија дека ова било „петарда“, громогласно одекна гласот на студените.

Тоа беше примерот кога Ширак беше претседател на Америка.
Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.

Арно ама власта не попушта. Не се дава лесно министерот Адеми.

Новинар: Што е петрологија?

„За да се полага државен испит мора да се повтори“, одговори министерот Адеми.

Новинар: Ајде да ја оставиме петрологијата, која е наука за карпите. Знаете ли колку хемиски елементи има Менделеевиот периоден систем?

„Ние не сме тука да одговараме на прашања од мојата струка, туку јас дојдов тука да одговарам на реформите во педагошките факултети“, одговори Адеми.

Професорите дебатираа пред Собранието во Скопје

А, зарем повторувањето не е мајка на знаењето. Тоа треба да го знаат сите, па и претседателот, пардон професорот.

„Тоа беше примерот кога Ширак беше претседател на Америка“, рече претседателот Иванов во едно телевизиско интервју.

И, овде завршуваме без претензии дека сме успеале да ја доловиме барем за миг сликата што сакаме да ја заборавиме. А како да се заборави тоа што се подалеку сме од Европа, што светот гласно ни се потсмева на нашиов Дизниленд, што ја практикуваме балканштината многу повеќе од сите други и што ќе се задушиме од реата на сопственото буниште.

И, едно важно потсетување. Не заборавајте дека пред нас е период на разврска на шпанската пардон турската или ако милувате индиската сапуница наречена „бомбата на Заев“ и дека ќе треба отсега натаму да си одвојуваме по 35 отсто од секој залак за државата. На здравје нека ни е социјалната држава како што би рекле партнерите на власта од Синдикатот!