Опозицијата и натаму ќе чека параф на пратеничките оставки

Собранието денеска ја почна седницата за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата, но во салата немаше потребно мнозинство, па гласањето беше одложено.

Триесет и еден пратеник од опозицијата се надвор од Парламентот повеќе од шест месеци од одржувањето на последните вонредни парламентарни избори во април кога лидерот на СДСМ Зоран Заев објави дека нема да ги признаат добиените мандати поради нерегуларности. Оттогаш трае политичката криза.

Пратениците од опозицијата, со исклучок на три пратенички, поднесоа оставки, но собраниската седница за нивно прифаќање беше прекината. Беше оставена можност за разговори меѓу партиите од власта и опозициската СДСМ.

Целата ова празна рашумунијада и игранка која очигледно ја спроведува Вељаноски е некакво алиби, воопшто не му е потребно ниту некаква посебна седници, ниту комисија, ниту некаков гласање во собранието, се што треба да направи е да ја продолжи седницата од мај и да ги констатира оставките.
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов вели дека седницата за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата требало да се одржи уште во мај кога беа поднесени оставките.

„Целата ова празна рашумунијада и игранка која очигледно ја спроведува Вељаноски е некакво алиби, воопшто не му е потребно ниту некаква посебна седници, ниту комисија, ниту некаков гласање во собранието, се што треба да направи е да ја продолжи седницата од мај и да ги констатира оставките.“

Опозицијата ги доставува оставките.

Претседателот на собранието Трајко Вељаноски ја прекина седницата на чиј дневен ред беше констатирањето на оставките во јуни за да се остави можност за натамошен развој на политичкиот дијалог. Но договор не беше постигнат.

Последната средба беше во клубот на пратеници. Опозицијата настапуваше со пет барања, односно, создавање услови за одвојување на партијата од државата, регулација на медиумите, прочистување на Избирачкиот список, спроведување попис и формирање на техничка влада. Последното барање за формирање на техничка влада остана најсериозниот проблем околу кој немаше согласност. Груевски нагласи дека формирањето техничка влада не е решение и дека очекувал разумни барања.

„Ако нема подготвеност од страна на власта за разговори за техничка влада, навистина другите точки кои и вие знаете дека се полесни точки за преговори, тогаш се беспредметни за отворање“, рече Заев во јуни по средбата со Груевски.

Премиерот пак тогаш изјави.

„На неколку минути пред крајот господинот Заев побара од мене денеска во изјава да потврдам дека прифаќаме формирање на техничка влада, што за мене беше изненадување. Ми личи како некој да го посоветувал на таква работа и нормално јас тоа не го прифатив.

По ова немаше никаков контакт меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи ништо не се смени од моментот кога СДСМ ги постави барањата за преговори до власта, опозицијата оцени дека нема никаква причина да ја смени одлуката и да се врати во парламентот.

На почетокот на овој месец Комисија за деловничко и мандатно-имунитетни прашања на седница му предложи на Собранието одземање на мандатите врз основа на извештај изготвен од генералниот секретар на Собранието.

Во извештајот се наведувадека од 10 мај до 10 ноември, пратениците од опозицијата не учествувале, ниту пак го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници.