По деветти пат Прилеп слави градска слава

Со посни сарми, гравче, риби, вино на свечената трпеза во центарот на Прилеп ќе се пречекуваат гостите за Свети Никола.

Во духот на традицијата со утринска црковна литургија и прережување на празничниот колач, прилепчани и годинава го чествуваат својот заштитник, патронот Свети Никола. Од свечената посна трпеза сервирана на булеварот во центарот на градот ќе вкусат илјадници граѓани, верници, почитувачи на традицијата.

Ќе излеземе затоа што еден обичај е таков, затоа што сите го славиме Св. Никола, младите сакаат музика, ние постарите да поседиш, пријатели.
Анкетиран граѓанин.

„Како што е секоја година и така секогаш е убаво.“

„Празнично, сарми посни и така. Излезени сме во центарот на градот, кај параклисот Св. Никола.“

Архивска фотографија. Градоначалникот Марјан Ристески учествува во подготовките.

„Па вариме гравче, правиме посна сармичка, рипче пржиме.“

„Ќе излеземе затоа што еден обичај е таков, затоа што сите го славиме Св. Никола, младите сакаат музика, ние постарите да поседиш, пријатели.“

„Имаме пријатели што ја слават оваа слава, се подготвуваат и сарма и риба и грав и благо.“

„Се најдобро, стара традиција е таа.“

Околу 350 крг грав, исто толку риба, сармите се варат во црковната кујна Св. Димитрија во селото Селце, 2 тона вино, ќе има добра забава.
Јасна Хаџиевска Петрушева од Мермерен Комбинат.

Годинава прилепските домаќинки, членки на здруженијата на жени, свиткаа околу 65 илјади посни сарми со големина на орев, вкусен специјалитет на градот.

„Ништо тоа не претставува за нас, тие да се свиткаат, со љубов, со песна, верувајте ми, сплотувањето на народот, не е големината, само некој да седне во некој ќош и да јаде и никој да не го види, ова е убавината и оваа традиција да не прекине“, вели Љубица Петреска од организацијата на жени „Мајка традиција“.

По мотото „Со љубов за Прилеп“, кумот на годинешната прослава, Мермерен Комбинат од Прилеп, ги кани на заедничко чествување сите граѓани, почитувачи на традицијата.

„Околу 350 крг грав, исто толку риба, сармите се варат во црковната кујна Св. Димитрија во селото Селце, 2 тона вино, ќе има добра забава“, изјави Јасна Хаџиевска Петрушева од Мермерен Комбинат.

Верскиот празник Св. Никола како Градска слава се чествува 9-та година. За локална власт која беше иницијатор, ова чествување е можност за развој на туризмот.

„Не само како празник и прослава, туку претставува посебна туристичка атракција, посебно околу спремањето на посната светиниколска трпеза, познатите сарми, најмали и највкусни, како посебен специјалитет на градот“, истакнува градоначалникот Марјан Ристески.

По чествувањето во центарот на градот, славењето за прилепчани продолжува, бидејќи речиси на половина домаќинства овој празник им е семејна слава, а другата половина граѓани им одат на гости.