Меѓународната организација за човекови права Хјуман рајтс воч објави извештај во кој се наведува дека руските власти не ги штитат правата на хомосексуалците. Во извештајот со наслов „Русија: Неказнивост на анти-геј насилствата“, објавен денеска се наведува дека ЛГБТ заедницата во Русија е жртва на дискриминација, малтретирање, тепање и понижување, но оти власта не прави доволно за да го спречи тоа. Се наведува дека анти-ЛГБТ расположението се зголемило по донесувањето на законот против „ЛГБТ пропаганда“ во јуни 2013 година.