Русија и Индија потпишаа нови договори за Русија да помогне во изградбата на нуклеарни централи во Индија и за продажба на нафта. Претставници на двете земји ги потпишаа договорите по средбата на рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди. Според договорот, руската државна компанија Росатом треба да помогне во изградбата на 10 нови реактори во нуклеарните централи во Индија. Руската нафтена компанија Роснефт, пак, потпиша прелиминарен договор според кој Русија треба да ѝ испорача околу 10 милиони тони нафта на Индија во следната деценија.