Т-Мобиле Македонија информира дека поради технички проблем дојде до краток прекин на сите услуги во мобилната мрежа во периодот од 12:35 до 12:50 часот. Прекинот на услугите го почувствуваа корисниците на цела територија на град Скопје и поголем дел од територијата на Република Македонија. Во соопштението наведуваат дека говорните услуги се во целоснa функција, додека мобилниот интернет сè уште работи со одредени потешкотии на територијата на Република Македонија и стручните тимови работат на негово нормализирање во најскоро време.
Учесниците на денешниот студентски марш претходно на социјалните мрежи обвинуваа дека врските се во прекин, токму за да се отежне објавувањето на информациите за маршот.