Повеќе од 10 лица се приведени, а неколкумина се во бегство, во полициската акција во западна Македонија, главно во Гостивар и околината. Запленети се и 20 луксузни возила. Како што изјави помошник министерот во МВР Иво Котевски, станува збор за членови на поголема криминална група која подолг период вршеле тешки кривични дела како што се насилство, лихварство, изнуда, перење пари и низа други кривични дела. Меѓу осомничените има и адвокати и извршители, кои им помагале на членовите на криминалната група. Еден од осомничените при претресот во неговиот дом почнал да пука кон полицијата, но, нагласи Котевски, во инцидентот немало повредени.