Студентскиот пленум најави нов студентски марш кој ќе се одржи на Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември, против, како што велат, необмислените реформи во високото образование.
„Маршот е неопходност во времиња кога институциите не нѐ слушаат ако не сме на улица“, велат студентите.
Тие посочуваат дека се гневни што државните институции покажале непрофесионалност во осмислувањето на реформите во високото образование, што се инаетливи, суетни и недемократски.