Висок руски претставник изјави дека Москва верува оти НАТО ја дестабилизира северна Европа со одржувањето воени вежби таму и со распоредувањето авиони способни за носење нуклеарно оружје во балтичките држави. Заменик министерот за надворешни работи Алексеј Мешков, денеска, за новинската агенција Интерфакс изјави дека „оваа реалност е екстремно негативна“. Тој предупреди дека Москва прави сè што може да ја заштити безбедноста на Русија и нејзините граѓани, без разлика за кој дел на земјата станува збор. Во исто време, Мешков вели дека односите меѓу Русија и НАТО сè уште не ја достигнале „точката од која нема враќање“, и покрај сериозните несогласувања. Претходно, американскиот генерал на НАТО Филип Бридлав изрази загриженост дека Русија распоредува нуклеарни капацитети на Кримскиот Полуостров, кој во март годинава беше анектиран од Украина од страна на Русија. Тој рече дека САД се „многу загрижени поради милитаризацијата на Крим“.