Светските духовни лидери повика на мир во Украина

Папата Франциско и вселенскиот патријарх Вартоломеј Први во Турција

Папата Франциско и духовниот лидер на православните христјани во светот, Вартоломеј Први, повикаа на мир во Украина и апелираа до сите страни да продолжат со дијалогот базиран на меѓународното право за решавањето на конфликтот. Франциско и вселенскиот патријарх Вартоломеј Први, издадоа заедничка декларација во Истанбул на крајот од литургијата по повод одбележувањето на важниот празник на Православната црква, свети Андреја. Прославата беше главната причина на тридневната посета на папата Франциско на Турција. Франциско и Вартоломеј исто така побараа да запре насилното гонење на христијаните во Сирија и Ирак од страна на милитантите на Исламската држава. Двајцата црковни лидери повикаа и на конструктивен дијалог со исламот базиран на меѓусебна почит и пријателство.