Група од четири руски воени бродови кои влегоа во каналот Ла Манш поради бура беа принудени да се засолнат вофранцуски залив. Француските власти и НАТО денеска го потврдија присуството на бродовите во каналот меѓу Велика Британија и Франција, но рекоа дека тоа не е ништо невообичаено. Тие исто така соопштија дека бродовите не изведувале воени вежби. Француската морнарица соопшти дека невремето ги принудило бродовите да побараат безбедно пристаниште. Портпаролот на НАТО, Џеј Џензен, ги негираше тврдењата на руските медиуми дека бродовите изведувале воени вежби, туку дека само поминувале.