Владата одлучи да им бидат отстапени 60 тони нафта од државните резерви на училиштата во Општина Кичево, од кои 50 ќе бидат наменети за греење, а 10 за превоз на ученици. Нафтата ќе биде доволна за до крајот на јануари, така што општината треба да почне постапка од февруари да обезбедува нафта за своите потреби. Се работи за основните училишта „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Владимир Полежиноски“ со околу 1.200 ученици кои имаат блокирани сметки и не можат да набават нафта за греење. Учениците не посетуваат настава зашто во овие училишта нема греење.