Владата се повлекува под притисок на јавноста

Прес-конференција по повод одбележување на Денот на ФЗОМ.

По критиките дека ако породилното го исплаќаат фирмите, жените потешко ќе се вработуваат, владата се повлече и предложи породилното да се исплаќа побрзо и да го исплаќа владата.

Владата едно ти дава, а три работи ти зема, вели експертот по трудово право Драге Јовановски, по повлекувањето на Фондот за здравство од варијантата надоместоците да ги плаќаат газдите на фирмите. Во ситуација кога е намален процентот на придонесите за здравство, а Фондот ќе плаќа породилно дури и кога фирмата е во стечај, станува јасно дека институциите се конфузни во однос на прашањето што точно претставува исплатата на придонесите, коментира Јовановски.

Тие преземале обврска дури и ако фирмата отиде во стечај, ќе му плаќаат на осигуреникот. Како ќе му плаќаат на осигуреникот кога тој се брише од евиденција на вработени, односно воопшто од евиденција на Заводот. Проблем прави намалувањето на процентот за здравствено осигурување, порано беше 11 проценти.
Драге Јовановски, експерт по трудово право.

„Тие преземале обврска дури и ако фирмата отиде во стечај, ќе му плаќаат на осигуреникот. Како ќе му плаќаат на осигуреникот кога тој се брише од евиденција на вработени, односно воопшто од евиденција на Заводот. Проблем прави намалувањето на процентот за здравствено осигурување, порано беше 11 проценти“, вели Јовановски.

Најголеми проблеми во врска со одлуките што се носат, според него, се нестручноста на институциите, слабата опозиција и недоволно критичната јавност. Повлекувањето на Фондот од варијантата што претходно ја предложија се доживува како некаква моќ на јавноста да ги менува одлуките, но за Јовановски тоа е од помало значење.

„Не може никој во државата да менува правила на игра за една секунда. За жал кај нас немаме силни здруженија кои сериозно се занимаваат со ова прашање, ниту, пак, овие од министерството се доволно стручни“, вели Јовановски.

Ова покажува дека јавноста сепак има влијание врз работата на владата. Се разбира, подобар начин би било владата да ги консултира сите чинители уште во фазата на носење закони, но тоа сега засега не можеме да видиме дека го прави.
Александар Цветкоски, невладината организација АГТИС.

Владата на седница ја одобри можноста Фондот да плаќа породилно дури и кога фирмата е во стечај, иако претходно беа предложени други варијанти со кои надоместоците требаше да ги плаќаат газдите на фирмата во која работат осигурениците.

Сепак, дел од невладините организации по повлекувањето на Фондот од варијантата што претходно ја предложија гледаат случај на постапување на институциите по критичките забелешки. Во ситуација кога законите се носат нетранспарентно и во тесен круг спротивно на оваа позадина давањето забелешки има единствена цел да служи на јавниот интерес помагајќи им на институциите да го подобрат квалитет на законите во иднина, вели Александар Цветкоски од невладината организација АГТИС.

„Ова покажува дека јавноста сепак има влијание врз работата на владата. Се разбира, подобар начин би било владата да ги консултира сите чинители уште во фазата на носење закони, но тоа сега засега не можеме да видиме дека го прави“, вели Цветкоски.

Критичките забелешки имаат и едукативна функција бидејќи ги информираат институциите кога нешто погрешно ќе направат, но тешко може да се избегнат слични неправилности кога се работи за одредби кои се однесуваат на прашања кои допираат до структурата на моќта и до парите, заклучува Цветкоски.