Откако невладиниот сектор објави истражување кое покажува ниско ниво на буџетска транспарентност на јавните институции, денес институтот „Прогрес“, фондацијата „Фридрих Еберт“ и меѓународниот центар „Олоф Палме“ одржаа дебата на тема како да се зголеми транспарентноста во трошењето на народните пари.
Првиот и основен проблем е и во немање на капацитет, држење на ниско ниво на опременост на институциите кои по закон ги имаме, но во реалноста не можат да ја остварат својата функција на контрола.Слаѓана Тасева, Транспаренси Интернешнал – Македонија.
Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнал – Македонија оцени дека проблемот потекнува од нефункционирањето на системот за национален интегритет, односно од неможноста институциите да воспостават меѓусебна контрола.
„Првиот и основен проблем е и во немање на капацитет, држење на ниско ниво на опременост на институциите кои по закон ги имаме, но во реалноста не можат да ја остварат својата функција на контрола и сите овие прашања и сите овие прашања се составен дел на онаа тема како да обезбедиме поголема транспарентност во буџетот, затоа што секој на крајот треба да има капацитет и знаење да ја оствари својата функција на контрола“, изјави Тасева.
Тасева посочи неколку примери кои покажуваат како властите ја избегнуваат транспарентноста.
На крајот ние имаме и во Македонија дури случаи ако граѓаните навистина нешто побараат од Владата, таа навистина ќе одговори на тоа, пример ни служи студентите, тие решија дека не сакаат нешто и на натераа владата да се повлекува.Ванчо Узунов, универзитетски професор и член на СДСМ.
„Во однос на податоците за трошењето на јавните пари, најочигледни се оние коишто ги има во бирото за јавните набавки, односно јавните набавки се 31 процент од вкупниот буџет на државата, значи една третина од буџетот се троши преку јавни набавки, но од друга страна ние имаме информација дека за двојно од минатата година се зголемиле јавните набавки до 5.000 илјади евра, додека се намалуваат другите типови на јавни набавки. Ако го поставиме прашањето зошто тоа се случува, очигледно е дека се бара начин да се изнајде моделот да се прават јавни набавки за кои не мора да постои програма, не мора однапред да се планираат, можат да се прават без објавување на тендери, а сето тоа е воведено во измените на законот во 2013 година. Тука ние не зборуваме дека се прави нешто надвор од законот, но нашите власти, наоѓаат начин како законски да ја избегнат транспарентноста и отченоста во трошењето на јавните пари. Ние тоа го гледаме, но немаме начин како на тоа да реагираме затоа што нема институција на која некој може да и се обрати“, рече Тасева.
Професорот на Правниот факултет во Скопје, Ванчо Узунов, смета дека политичката волја е клучна за решавањето на проблемот, а според него граѓаните се тие кои треба да побараат поголема транспарентност од институциите.
„Основа на проблемот е да постои политичка волја тоа да се реши, значи почетокот нас не враќа на едно прашање како да дојдеме до тоа, на крајот ние имаме и во Македонија дури случаи ако граѓаните навистина нешто побараат од Владата, таа навистина ќе одговори на тоа, пример ни служи студентите, тие решија дека не сакаат нешто и на натераа владата да се повлекува “, вели Узунов.
Според резултатите од истражувањето на невладините организации „Центар за економски анализи“ и на Институтот за демократија „Социетас Цивилис, институцијата Претседател на Република Македонија е најнетранспарентна трошењето на буџетските пари, а меѓу малку транспарентните институции и Владата, Јавното обвинителство, Агенцијата за странски инвестиции и Управата за јавни приходи.