Во неколку американски градови, меѓу кои, Лос Анџелес, Њујорк и Вашингтон, дојде до собири и протести откако големата порота на Мисури во понеделникот гласаше да не го обвини полицаецот Дарен Вилсон за убиството на 18-годишниот Мајкл Браун што се случи на 9 август годинава во Фергусон.
Мора да признаеме дека ова не е прашање само за Фергусон, ова е прашање за Америка. Ние направивме голем напредок во расните односи во текот на изминатите неколку децении. Јас сум сведок на тоа и мислам дека негирањето на таквиот напредок е негирање на капацитетот на Америка за промени.Барак Обама, претседател на САД.
Ова убиство поттикна неколкунеделни, повремено и насилни протести во Сент Луис и уште еднаш ги нагласи долготрајните расни тензии во подрачјето во кое доминираат Aфроамериканци.
Како и да е, големата порота не најде причина да покрене обвинување против полицаецот Дарен Вилсон.
Поротата составена од девет белци и тројца црнци го покрена случајот кон крајот на август и оттогаш сослуша многубројни сведоци и патолози за да го преиспита убиството. Агенциите потсетуваат дека големата порота одлуките ги носи со консензус.
Одвојувајќи го тоа од оваа конкретна одлука има прашања во кои често постојат чувства дека законот се применува на дискриминирачки начин. Јас не мислам дека тоа е вистина за поголем дел од заедниците или за поголем дел од полициските службеници.Барак Обама, претседател на САД.
Семејството Браун изрази длабоко разочарување од ваквата одлука која, пак, предизвика нереди пред полицискиот оддел во Фергусон и на улиците околу Сент Луис при што имало запалено неколку полициски автомобили, ограбени продавници, а биле слушнати и истрели.
Семејството Браун повика на мирни протести, а тоа го напарви и американскиот претседател Барак Обама кој им порача на демонстрантите да не предизвикуваат насилства, а на полицијата да покаже воздржаност.
„Треба да прифатиме дека таа одлука беше направена од Големата порота. Постојат Американци кои се согласуваат со неа и Американци кои се длабоко разочарани, па дури и лути. Тоа е разбирлива реакција“, рече Обама, додавајќи:
„Мора да признаеме дека ова не е прашање само за Фергусон, ова е прашање за Америка. Ние направивме голем напредок во расните односи во текот на изминатите неколку децении. Јас сум сведок на тоа и мислам дека негирањето на таквиот напредок е негирање на капацитетот на Америка за промени“, рече Обама.
Тој дополни дека се уште има проблеми, но оти за тоа не се виновни само обоените заедници.
„Одвојувајќи го тоа од оваа конкретна одлука има прашања во кои често постојат чувства дека законот се применува на дискриминирачки начин. Јас не мислам дека тоа е вистина за поголем дел од заедниците или за поголем дел од полициските службеници. Тоа се реални проблеми и мора да ги живееме, а не да ги негираме или да ги злоупотребуваме. Мора да ги разбереме за да се споравиме со нив“ рече тој.
Тоа, како што додаде американскиот претседател Обама, нема да биде направено со фрлање шишиња, со кршење автомобили и со користење на ваквите случаи како изговор за вадалско однесување или за повредување луѓе.
Во Фергусон, според Обама, постојат начини за конструктивно канализирање на загриженоста на луѓето.