Обвинителот на ФИФА против прекин на истрагата против Катар и Русија

Обвинителот на ФИФА, Мајкл Гарсија.

Обвинителот на ФИФА, Мајкл Гарсија, изјави дека ќе поднесе жалба на одлуката на светската фудбалска организација да ја затвори истрагата за тоа како Русија и Катар добија организација на едно светско првенство. Гарсија рече дека денешното соопштение од етичкиот судија Јоаким Екерт „содржи бројни материјални непотполности и погрешни претставувања на наведените факти и заклучоци“ од извештајот на Гарсија кој беше завршен во септември. Екерт пресудил дека сите грешки што во истрагата ги открил Гарсија не влијаеле на интегритетот на гласањето на извршниот комитет на ФИФА во декември 2010 година. На Русија и на Катар тогаш им беше доделена организацијата на светските фудбалски првенства во 2018, односно во 2022 година. ФИФА го назначи поранешниот американски федерален обвинител Мајкл Гарсија да ја води истрагата како била доделена организацијата на првенствата поради обвинувањата за корупција.