Македонските граѓани не веруваат дека Горна Република Македонија, односно последниот официјален предлог којшто минатата година го понудил медијаторот Метју Нимиц, а за кој се зборува во јавноста, би можел да значи крај за грчко-македонскиот спор за името. Сепак, повеќето кои ги прашавме сакаат ова прашање да се затвори во интерес на евроатлантската иднина на Македонија и подобар живот за граѓаните.
Треба да се најде компромисно решение и тука сме блиску до решавање, само дали политичката гарнитура е волна предлогот да го разгледа сериозно и народот да се изјасни на референдум.Анкетиран граѓанин.
„Мислам дека е најкомпромисно решение затоа што вака ситуацијата е покомплицирана во Македонија.“
РСЕ: Дали за вас има разлика дали ќе биде Горна Република Македонија или Република Горна Македонија?
„За мене нема некоја посебна разлика, меѓутоа ако правно прави проблеми, тогаш нека се реши така како што е најдобро за Македонија.“
„Не е битно дали е горна, долна, северна или јужна, Македонија стои како име и тоа мислам дека е главното.“
„Можеби компромис за некои други, за мене како граѓанин на Република Македонија апсолутно не е.“
„Треба да се најде компромисно решение и тука сме блиску до решавање, само дали политичката гарнитура е волна предлогот да го разгледа сериозно и народот да се изјасни на референдум.“
„Суштински дали е Горна или Република Горна нема некое влијание. Во глобала сум за надминување на проблемот и остварување на нашите стратешки цели, НАТО и ЕУ.“
„Република Горна Македонија можеби би може да биде прифатливо. Не знам јас, нека одлучат тоа овие другите.“
„Ми менува затоа што сум од Македонија и сакам од Македонија да си останам“, велат анкетираните граѓани.
Дали Горна Македонија е прифатливо име? Погледнете ја анкетата и коментирајте во нашата рубрика Хајд Парк.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Неодамна на прашањето дали Македонија би прифатила име со географска одредница, под услов додавката да биде пред Република Македонија со гаранција дека нема да се чепка во уставот, идентитетот и јазикот на државата, министерот за надворешни работи Никола Попоски оцени дека би било крајно несериозно да шпекулира со какви било предлози.