Опизициската СДСМ проценува дека директната и индиректната штета од договорот со индиска „Сахара груп“ што Владата одлучи да го раскине изнесува повеќе од 10 милиони евра.
Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, побара владата да ги каже колкава е штетата. Тој вели дека во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ индискиот бизнисмен Субрата Рој се оквалификува како наводен инвеститор за кој Влада никогаш не рекле дека ќе инвестира во Македонија, но и покрај тоа владата му дала плодна земја речиси за без пари, плажи и води заштитени од УНЕСКО и се менувале закони.
Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, според кои во случајот со Сахара груп, нема штета по државата. Поставена беше банкарска гаранција чија цел е заштита на интересите на државата. Исто така постапката во случајот со Џумајлија беше реализирана јавно и тоа со меѓународен повик. Оттука сосема е јасно дека Владата постапи одговорно, а пресовите на Шилегов се само сеење магла“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.