Тричлено кумановско семејство стравува за покрив над глава

Даниела Бошковиќ со постојаната парична помош и нега ги подмирувала сите давачки изминатите пет години. Меѓутоа, поради плаќање за нејзините хируршки интервенции и лекови, последните три-четири месеци нема ниту за кирија, ниту за сметките.

Син ми ќе дојде од школо и оди да бара. И кога ќе се врати вели: „Мамо, а што бараме ние без пари. Барам јас, ама таму ми велат дека под сто евра нема. Со што ќе одиме ние таму.

Пак вели: Мамо ќе одам во аптека и ќе прашам дали може да ми дадат без пари, потоа ќе земеме рецепти и постојана парична помош ќе платиме. Некогаш некоја аптекарка е добра и му дава, ама сега па и законот не дава. И така и без лекови останувам, сè повеќе имам болки и напади.
Даниела Бошковиќ, жителка на Куманово.

Вака ја започнува својата животна приказна 34-годишната кумановка Даниела Бошковиќ, тешко болна, самохрана мајка на две малолетни деца, која деновите ги поминува во постела, речиси и без греење, со исклучена струја во туѓа куќа од која можеби уште утре ќе биде избркана. Во таа куќа Даниела и нејзините деца биле сместени откако се вратиле од Шелтер центарот, а сега покојниот сопственик им овозможил да се сместат и три месеци да не му плаќаат кирија. Вели дека не знае што да му одговори на своето дете.

И на двете деца на училиште другарчињата ги оттргнувале, биле сиромашни, мајка им била болна, на малата дури и велеле дека мајка и ќе почине. Не се дружат со неа, ја избегнуваат. Детето доаѓа дома плачејќи.
Даниела Бошковиќ, жителка на Куманово.

„Лековите ќе ги погледне и вели дека од тие немам, од тие немам. Пак вели: Мамо ќе одам во аптека и ќе прашам дали може да ми дадат без пари, потоа ќе земеме рецепти и постојана парична помош ќе платиме. Некогаш некоја аптекарка е добра и му дава, ама сега па и законот не дава. И така и без лекови останувам, сè повеќе имам болки и напади. Нозете од колена надолу не ги чувствувам. Можам само до купатило да отидам, да стоплам чај на плинско и ништо повеќе. А јас сум млада, сакам да живеам, сакам да бидам родител, мајка“, раскажува таа.

Даниела со постојана парична помош и нега ги подмирувала сите давачки изминатите пет години. Меѓутоа, поради плаќање за нејзините хируршки интервенции и лекови, последните три-четири месеци нема ниту за кирија, ниту за сметките. Наследниците на куќата секој ден ѝ велат да се исели, зашто куќата е на продажба. Ова тричлено семејство нема каде да оди. И како што вели Даниела една мака никогаш не оди сама.

„И на двете деца на училиште другарчињата ги оттргнувале, биле сиромашни, мајка им била болна, на малата дури и велеле дека мајка и ќе почине. Не се дружат со неа, ја избегнуваат. Детето доаѓа дома плачејќи. При сите болки бев и со директорката и психологот, им објаснив, но, пак, ништо нема. Вчера, девојчето отишло на школо без домашно по музичко, бидејќи немаме ниту компјутер, ниту интернет. „Домашно?“, девојчето рекло дека нема интернет. „Па јас ли да ти го плаќам?“ И се смеела професорката. Сè е јасно“, раскажува Бошковиќ.

Од лоши семејни односи, Даниела се омажила на 17 години, меѓутоа и сопругот ја малтретирал, поради што морала да се разведе. Поголемото дете останало со него, но бидејќи било тепано од таткото и дедото затоа што им барало пари за кифла, тоа дошло кај мајката. Даниела нема никаква помош од никаде.

Никој од семејството не се појавил да ја праша дали треба нешто да ѝ помогне. Изминатите години живеат од социјална помош. Нејзината мајка исто така нема можности да им помогне, оти татко ѝ не сака да слушне за неа. А, оваа жена и нејзините деца се оставени сами на себе. Згора на тоа, Даниела боледува од анорексија, булимија, срцеви заболувања, канцер на матката, повеќе е неподвижна, отколку што може да ги извршува нормалните животни активности. Затоа, како што вели Даниела, на нејзиното семејство државата треба да му помогне.