Полицијата се уште трага по осомничениот за тројното убиство во Кавадарци

Илустрација.

Илустрација.

Полицијата трага по осомничениот за тројното убиство во Кавадарци и се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, информира денеска портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска. Таа ги демантира информациите објавени во одредени медиуми оти осомничениот бил припадник на единици на МВР и пукал со службен пиштол.

Вчера беа убиени тројца луѓе од едно семејство во Кавадарци.