Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 11 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб, а на повисоките места умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до 12 степени.