Во Македонија ќе биде повремено облачно. Ќе дува умерен ветер од северен правец што ќе услови благо опаѓање на дневната температура. Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од девет до 15 степени. Во Скопје времето ќе биде повремено облачно и свежо со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.