Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и малку потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Претпладнето е можен е слаб краткотраен дожд, повеќе во западните подрачја. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 12 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви период и со слаб ветер од северен правец. Претпладнето ќе има услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 15 степени.