Американски војници во изолација по мисијата против ебола

Американски војници кои биле на мисија во Западна Африка за да помогнат во борбата против ебола, по враќањето се ставени во изолација во воена база во Италија, соопшти Пентагон. И војниците кои треба да се вратат од Либерија деновиве, исто така ќе бидат изолирани во база во Италија, додаде Пентагон.

Во меѓувреме, американската медицинска сестра која беше ставени во карантин во Њу Џерси, денеска беше ослободена, откако со закани со тужба. Иако тестирањата покажаа дека таа нема ебола, сепак медицинската сестра беше класифицирана како патник со висок ризик по враќањето од Сиера Леоне на 24 октомври. Според правилата на Њу Џерси, таа требаше да биде во изолација 21 ден.