Обединетите нации соопштија дека конфликтот во Украина принудил 800 илјади луѓе да ги напуштат нивните домови. Околу 85 проценти од раселените лица потекнуваат од источна Украина, каде владините сили се борат со про-руските сепаратисти. Од УНХЦР, агенцијата за бегалци на ОН, денеска соопштија дека 430 илјади се раселени низ Украина, што е за 170 илјади повеќе отколку на почетокот на септември. Според организацијата околу 387 илјади побарале статус на бегалци, привремен азил или престој во Русија. Други 6.600 аплицирале за азил во ЕУ, а околу 581 во Белорусија. Од УНХЦР велат дека треба да им се помогне на најранливите раселени лица во пресрет на зимата.