Демолирано кафулето Дамар во Скопје

Во четвртокот вечерта група луѓе го демолирале кафулето Дамар во Скопската Чаршија каде се одбележувала втората годишнина од основањето на ЛГБТИ Центарот за поддршка. Притоа неколку лица биле повредени, јавија неколку македонски медиуми. Полицијата извршила увид и го обезбедила просторот.