Украинскиот премиер Арсениј Јетсенук предупреди дека Русија би можела да се обиде да ги наруши парламентарните избори во Украина закажани за 26 октомври.
Тој денеска изјави дека е апсолутно јасно дека Русија се обидува да ја дестабилизира ситуацијата и дека ќе продолжи со тоа. Според премиерот тие се пред уште еден предизвик, да се одржат парламентарни избори.
Министерот за внатрешни работи пак рече дека за денот на изборите ќе бидат ангажирани 82 илјади полицајци, меѓу нив и 4.000 припадници на специјалните сили. Изборите ќе се одржат и покрај честите нарушувања на договорот за прекин на огнот во источна Украина, каде владините сили се борат со про-руските сепаратисти.
Нема да има гласање во 14 окрузи во источна Украина, кои во моментов се контролирани од страна на сепаратистите.