Пратеничката група на ДПА ќе продолжи да ги изнесува реалните барања на Албанците и ќе го крене гласот за сите антиалбански проекти, изјави денеска пратеникот Газменд Алиу. Тој заедно со другите пратеници од ДПА денеска повторно се вклучија во работата на Парламентот по физичкиот инцидент со пратениците од ДУИ на крајот на август.
„ ДУИ исценира инцидент само поради една причина: да ја замолчи албанската опозиција. Им ставаме до знаење дека ова ќе биде невозожна мисија и на ДУИ и на кој било друг, изјави пратеникот Алиу. За него, лицемерие е изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека функционерите од неговата партија не се ангели. Според Алиу тој мора да сноси одговорност за неговата политика, бидејќи Албанците се во многу неповолна положба.
Од ДУИ го поздравија враќањето на ДПА во Собранието и го повикаа и СДСМ да го стори истото. Пратеникот од ДУИ Рафиз Алити најави дека ќе побараат Анкетна комисија да го расчисти инцидентот меѓу пратениците на ДУИ и ДПА во август. Тој го отфрли обвинувањата на ДПА за планирањ ена инцидентот.
Од ВМРО-ДПМНЕ исто така го поздравија враќањето на ДПА во Парламентот. И тие повикаа СДСМ да се вклучи во работата на Собранието.