Предложеното пролонгирање на либерализацијата на пазарот на електрична енергија денеска доби поддршка од Собранието на Македонија. Со измените што беа изгласани се предлага либерализација да се одвива во пет фази, да почне од 1 јули 2016 и да заврши во јули 2020 година кога треба да излезат на слободен пазар и домаќинствата.
Главната цел, според предлагачот, е да се заштити стандардот на граѓаните, бидејќи анализите покажале дека доколку се излезе на слободен пазар сега сметките за домаќинствата ќе се зголемат за најмалку 1000 денари/
„Не станува збор за одлагање, туку за продолжување на рокот за либерализација на пазарот на електричан енергија“, вели заменик-министерот за економија Христијан Делев.