ВИДЕО: Британецот не престојувал во земји во кои има ебола

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Починатиот Британец не престојувал во земји во кои има ебола

Британскиот државјанин, кој почина во четвртокот на Инфективната клиника во Скопје и за кој постоеше сомнеж дека е заразен со ебола, не престојувал во земји во кои ја имаа оваа болест, соопштија на прес конференција од Министерството за здравство. Тие за доцна попладне закажаa нов прес на кој ќе ги објават резултатите што ќе пристигнат од лабораторијата во Германија.

Земјава два дена чека на потврда за тоа дали има ебола. По смртаа на британскиот државјанин, хотелот во кој престојувал и медицинскиот персонал кој бил во контакт со него, се ставени во карантин. Во карантин во хотелот има и едно бебе. Здравствените власти велат дека сите се добри и дека лекарски екипи се постојано таму. Македонските здравствени власти соопштија дека иако сомневањата за вирусот се мали, морало да преземат низа заштитни мерки.

„Иако денеска веројатноста дека станува збор за ебола е уште помала, се надеваме на најдоброто. Сепак, како здравствен систем сме подготвени и за справување со најлошото сценарио“, соопшти денеска д-р Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.