За британски државјанин кој со симптоми на внатрешно крварење денеска попладне почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје постои сомневање дека починал од ебола.
Пациентот кој три дена имал стомачни проблеми и температура од 37,5 степени, престојувал во хотелот „ Супер 8“ во близина на Мавровка, од каде со итна помош бил пренесен во болница. Според македонските здравствени власти, за 48 часа ќе се знае дали лицето починало од Ебола.