Францускиот писател Патрик Модиано е добитник на Нобеловата награда за литература за 2014. Шведската академија денеска објави дека Модиано ја добива наградата за уметноста со која ги опишува човечките судбини и го открива начинот на живот за време на нацистичката окупација. Наградата е во вредност од 1.1 милион долари. Модиано кој има 69 години е роден во западен Париз , два месеци откако завршила Втората светска војна. Неговиот татко, италијански Евреин и неговата мајка која била белгиска актерка се запознале за време на окупацијата. Нобеловата награда за литература е четврта од овогодинешните Нобелови награди.