Милитантите на Исламската држава зазедоа дел од стратешкиот рид со поглед на јужниот влез на опколениот курдски град Кобани на границата на Сирија со Турција. Сириската опсерваторијата за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека џихадистите се на јужната страна од ридот Миште Нур по жестоките судири со курдските единици за заштита и сириските бунтовници, кои ја држат контрола северната страна од ридот во близина на градот. Повторените воздушни напади на коалицијата досега не успеаја да ја запрат офанзивата на бунтовниците, а околу 180.000 луѓе побегнаа преку границата во Турција за да избегаат од борбите. Турските Курди и курдски бегалци од Сирија вчера протестираа на турската граница, обвинувајќи ја Анкара дека им дозволила на милитантите на Исламската Држава да ја преминат границата, со цел да се борат со Курдите таму.